2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ДАЛИ ГЕРМАНЦИТЕ ОСТАНУВААТ БЕЗ ДОМАШНА ВАКЦИНА?

Германската биотехнолошка компанија „CureVac NV“ објави дека нејзината вакцина против COVID-19 е ефективна само 47% во доцната фаза на тестирање, па затоа е доведено во прашање потенцијалното доставување на стотици милиони дози до Европската унија.

Како единствен и главен клиент на вакцините на компанијата „CureVac NV“, Европската унија резервираше околу 405 милиони дози во ноември, проследено со меморандум за разбирање со дополнителни 20 милиони дози, пренесува Ројтерс.

Компанијата соопшти дека за време на истражувањето биле претставени најмалку 13 варијанти на вирусот, наведувајќи дека оригиналната верзија на коронавирусот што се појави во кинескиот град Вухан на крајот на 2019 година, беше скоро целосно отсутна на тие тестови.

Акциите на „CureVac NV“, кои се во оптек во САД во трансакции надвор од работното време и по објавувањето на дневните извештаи на берзата, паднаа за 48 проценти, на 49 долари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести