3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Во Боцвана е ископан третиот по големина дијамант со над 1000 карати

Најголемиот откриен дијамант досега има 3.106 карати и е пронајден во Јужна Африка во 1905 година, а вториот бил 1.109, откриен во североисточна Боцвана во 2015 година.

Рударската компанија „Debsvana“ објави дека ископала дијамант од 1.098 карати во Боцвана.

Компанијата му го покажа дијамантот, ископан на 1 јуни, на претседателот на Боцвана, Мокветски Масиси, во главниот град Габороне, објави денеска „The Guardian“.

  • Се верува дека ова е трет по големина дијамант во светот – рече директорката на „Debsvana“, Линет Амстронг.

„Debsvana“ е рударска компанија со седиште во Боцвана и една од водечките светски производители на дијаманти по вредност.

Компанијата работи со четири рудници за дијаманти во Боцвана, како и рудник за јаглен.

  • Овој редок и извонреден камен значи многу за контекстот на дијамантите и Боцвана. Дава надеж на борбената нација – рече Армстронг.

Ова е исто така најголемиот скапоцен камен откриен во историјата на оваа компанија, во заеднички проект на владата и глобалната групација „De Bers“, која е меѓународна корпорација специјализирана за вадење, експлоатација, трговија на мало и трговија со дијаманти.

Најголемиот откриен дијамант досега има 3.106 карати и е пронајден во Јужна Африка во 1905 година, а вториот бил 1.109, откриен во североисточна Боцвана во 2015 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести