Светскиот фонд за природа (WWF) предупредува дека Медитеранот се претвора во тропско море, поради генералниот пораст на температурите.
Во неодамна објавената студија, италијанскиот огранок на WWF наведува дека околу 1.000 егзотични видови се прилагодиле на животот во тие води, заменувајќи ги ендемските видови.
Овие откритија беа потврдени од грчки научници кои тврдат дека видови риби од Црвеното Море се населени во Егејското и Јонското Море во последните неколку години.
Mediterranean Turning into Tropical Sea, WWF Warns – The Mediterranean is turning into a tropical sea due to rising global temperatures, the World Wide Fund for Nature (WWF) warned in a report published recently. The Italian branch of the WWF… https://t.co/3ldRnItir1
— Elladastinkardiamou (@stinkardiamou) June 15, 2021
Како што е наведено, со температури кои растат во просек 20 проценти побрзо од светскиот просек, додека се зголемува и нивото на морето, а според проекциите, нивото на Медитеранот ќе се искачи за еден метар до 2100 година и ќе стане најсолено море на светот. најбрзо се загрева.
- Потребна е итна акција. Сега, повеќе од кога било, треба да се фокусираме на заштита на морските области, се вели во соопштението на WWF.
Студијата, исто така, забележала дека поради зголемувањето на температурата, се менува и вегетацијата на дното на морето, со што се намалува присуството на ендемични треви.
Се додава дека истребувањето на овие растителни и животински видови може да има големо влијание врз целиот морски екосистем.
- Средоземното море веќе не е како порано. Неговата тропцизација напредна. Климатските промени не се само проблем на иднината, туку реалност за која веќе се свесни научниците, рибарите, нуркачите, крајбрежните заедници и туристите, рече Џулија Прато од италијанскиот WWF.
