Нејзината сестра близначка израснала во телото на малата Икамара, а докторот тоа го забележал за време на ултразвукот, додека девојчето сè уште било во утробата на нејзината мајка Моника Вега (33).
Слични случаи имаше неодамна во Индија, Индонезија и Сингапур. Но, овој беше посебен по тоа што „фетусот-во-фетус“ беше идентификуван за време на бременоста, пред да се роди бебето, рече др. Мигел Пара-Саведра.
Акушер, кој ја испратил Моника кај Др. Мигел Пара-Саведра, сметаше дека нероденото бебе има некаква циста, но не беше во право. Тоа беше мало, полуразвиено тело без срце и мозок во стомакот на бебето, нешто што се случува многу ретко, приближно едно наспроти половина милион раѓања. Мајката Моника д-р. Пара-Саведра за прв пат ја видел кога била во 35-та недела од бременоста.
Тој веднаш ја прегледа со доплер во боја и 3Д / 4Д ултразвук. Она што го виде го шокираше. Тој видел простор кај бебето исполнет со течност во кој имало минијатурно дете. Се снабдуваше со крв од посебна папочна врвца, а папочната врвца заврши во цревата на поголемиот близнак, односно малата Икамара.
- И реков на мајката, а таа постојано велеше: „ Не, докторе, тоа е невозможно“. Чекор по чекор и објаснив за што станува збор и таа разбра – рече овој доктор.
Две недели подоцна, овој лекар одлучи да ја породи Моника со царски рез, на 22 февруари. Нејзиното бебе тогаш тежело нешто повеќе од три килограми, близнаците во неа пораснале и постоела опасност да и ги повредат внатрешните органи и со тоа да ги оштетат. Еден ден подоцна, малата Икамар беше подложена на лапароскопска операција за отстранување на близнакот од нејзиното тело.
- Таа беше долга скоро пет сантиметри и тежеше 14 грама. Таа имаше неразвиена, заостаната глава и екстремитети, но немаше мозок и срце. Таа почина кога и ја пресековме папочната врвца – објасни др. Мигел Пара-Саведра и по постапката додаде дека станува збор за близнак кој потекнувал од иста ќелија, идентичен близнак.
Кога помалиот близнак се храни со телото на поголемиот, како во овој случај, тоа се нарекува во медицинската литература – хетеропагус или паразитски близнак.
- Фетусот-во-фетус понекогаш се дијагностицира погрешно како тератом, тумор кој може да содржи коски, мускулно ткиво и коса. Потоа се прави споредба на ДНК, но нема сомнение дека овие двајца се идентични близнаци од исто јајце. Икамара е добро, има мала лузна на стомакот, но сега е нормално бебе, освен што целиот свет зборува за неа – додаде докторот.
Некои паразитски близнаци се раѓаат приврзани надвор за здрав близнак, а понекогаш се случува делумно да се наоѓаат во телото на здрав близнак, а делумно надвор од него. Лекарот вели дека фетусот-во-фетус се појавува наскоро по зачнувањето, по 17 дена од бременоста, кога ембрионот се сплескува како диск, а потоа се преклопува сам по себе и формира издолжен фетус. Понекогаш, како во случајот со оваа девојка, еден ембрион се обвиткува околу другиот, помал.
Имало случаи кога луѓето со години носеле паразитски близнак и не биле свесни за тоа. Пред четири години е забележан случајот на една Британка која живеела на Кипар. Таа заврши на операционата маса поради „туморот“ со големина од околу десет сантиметри, кој се наоѓаше на јајниците.
Меѓутоа, кога хирургот ја отворил, имал што да види – мало суштество со делумно формирано лице со очи, заби и црна коса. Тоа беше паразитски близнак што го носела внатре додека беше сè уште во утробата на нејзината мајка, пренесува „The New York Times“.
