spot_img
15.8 C
Skopje
вторник, јуни 15, 2021
spot_img

192 сообраќајни прекршоци во Скопје, 31 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкциja, 9 за возење без возачка дозвола, 12 за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 13 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 65 санкции за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести