spot_img
20.8 C
Skopje
вторник, јуни 15, 2021
spot_img

Доаѓа вистински пекол: Опасно високите температури во југозападниот дел на Соединетите Држави ќе бидат уште повисоки оваа недела и во некои области ќе надминат 49 Целзиусови степени

Опасно високите температури во југозападниот дел на Соединетите Држави ќе бидат уште повисоки оваа недела и во некои области ќе надминат 49 Целзиусови степени, што ќе ги загрози одредени региони поради сушата и можните пожари.

Екстремна топлина ќе се почувствува во поголемиот дел од државата Јута, како и во јужна и централна Калифорнија, потоа во Невада и Аризона, објави денеска „The Guardian“.

Националната метеоролошка служба (НВС) испрати предупредување до над 48 милиони луѓе во западна САД за претстојните горештини, а се предвидува дека рекордите за топлина може да бидат соборени во Невада и Аризона, што значи стотици градови.

  • Овој наплив на топлина е невообичаен за јуни, рече метеорологот Џули Малинговски од „NWS“, додавајќи дека, низ историјата, највисоките температури биле забележани во јули и август.

Од вторник до сабота на некои места се очекуваат температури од 40 степени, а климатскиот центар „NWS“ предвидува дека летово температурите ќе продолжат да бидат над просечните.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести