Стравот дека вакцинацијата со една и повторната вакцинација со друг вид вакцина е опасна е неоснован, пишува агенцијата „AGI“, која ги цитира зборовите на советникот на комесарот за вонредни ситуации, Гвидо Раси.
- Напротив, мешавината на вакцини ги подобрува антителата. На пример, оние кои се имунизирани со „AstraZenecа“ и превакцинирани со „Moderna“ или „Pfizer“ развиваат повеќе антитела, вели Раси, кој беше извршен директор на Европската агенција за лекови (ЕМА).
Според него, комбинацијата на вакцини не е нова и не е експеримент што се прави со лекот против COVID-19.
Мешањето на вакцините веќе се користат со, на пример, вакцините против хепатит А.
Агенцијата потсетува дека Италија не е прва европска земја што „комбинирала“ вакцини против COVID-19.
Ова е веќе сторено во Франција, Германија, Данска, Шведска и Англија.
