2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

КРВАВА ПРЕСТРЕЛКА ВО АМЕРИКА, 12 ЛУЃЕ РАНЕТИ (ВИДЕО)

Официјалните лица во градот Остин во Тексас соопштија дека најмалку девет лица се повредени во пукањето утрово во центарот на градот, а службата за брза помош соопшти дека најмалку 12 пациенти се згрижени или пренесени во локалните болници.

Не е познато за колку пациенти се згрижени со прострелни рани, ниту кој го предизвикал пукањето, се наведува во извештајот на АП.

Новинарот на Ројтерс известува дека најмалку 13 лица биле повредени во пукањето, од кои две се во критична состојба.

Полицијата не соопшти дали има некој уапсен за пукањето во центарот на Остин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести