5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

После 10 месеци за прв пат нема ниту еден починат ковид-пациент во последните 24 часа, осум нови позитивни

Нема ниту еден починат ковид-пациент во последните 24 часа, првпат по 10 месеци, а регистрирани се и само осум новозаразени од 3068 тестирања, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на информации од  Институтот за јавно здравје.

-Првпат по 2 септември 2020, денеска не бележиме ниту еден починат од Ковид-19. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, велат од Министерството за здравство.

Од новозаразените, тројца се од Скопје, двајца од Тетово и по еден од Велес, Кичево и Охрид.

Регистрирани се девет оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести