8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ЕВЕ ЈА ПИЧИНАТА ЗОШТО ПОЛА ДОМАЌИНСТВА ВО ВИЕНА НЕМААТ АВТОМОБИЛ

Според Австриската авто мото асоцијација VCÖ, бројот на домаќинства во Виена кои не поседуваат автомобил е зголемен за 25 проценти во последните десет години.

Анализата спроведена од здружението се заснова на податоци од австрискиот завод за статистика Statistik Austria.

Додека во 2010 година 345 000, или 41 процент од виенските домаќинства немале автомобил, во моментов 430 000 или 47 проценти од виенските домаќинства се без автомобил.

Во 2020 година, 73% од виенците ги минувале дневните патишта пеш, користејќи јавен превоз или велосипеди. VCÖ нагласува дека бројот на автомобили дополнително би се намалил доколку продолжи велосипедската инфраструктура и понудите на градската транспортна компанија, како и понудите за споделување автомобили надвор од Виена.

Во исто време, бројот на домаќинства кои имаат годишна претплата на јавен превоз скокна од 40 на 52 проценти. Домаќинствата кои поседуваат два автомобили поминуваат во просек 12.400 километри годишно со едниот и 6.400 километри годишно со другиот. Овие возила се паркирани повеќе отколку што се користат.

„Подобрувањето на понудите за споделување автомобили надвор од градот е многу значајно. Виенците користат автомобили главно за семејни посети на село или за патувања надвор од градот “, објаснува Михаел Швендингер од VCÖ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести