0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

60.000 вакцинирани верници ќе можат во Мека на Аџилак

Саудиска Арабија ќе дозволи следниот месец да се оди на Хаџ, најголемиот муслимански верски аџилак во Мека, за 60.000 нејзини граѓани кои биле вакцинирани против корона вирусот, соопшти Министерството за Хаџ во саботата, според официјалната новинска агенција СПА.

Одењето на последниот Хаџ во 2020 година поради пандемијата на коронавирус беше дозволено само за десетици илјади верници кои живеат во Саудиска Арабија, додека во 2019 година, 2,5 милиони верници од целиот свет направија аџилак во Мека.

Во соопштението на Министерството се вели дека:

„оние кои сакаат да извршат хаџ мора да бидат на возраст меѓу 18 и 65 години, не смеат да страдаат од хронични болести и мора да бидат вакцинирани“ против ковид-19.

Малиот Хаџ, кој беше привремено прекинат во март 2020 година поради пандемија, продолжи со мерки на претпазливост на почетокот на октомври.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести