16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Скоро секој втор маж го има овој проблем за време на секс

Предвремената ејакулација е проблем со кој се сочиле многу мажи и парови.

Кога ова ќе се случи, мажот обично се повлекува во себе, избегнува сексуални односи и може да стане агресивен во обидот да ја префрли вината на партнерката.

Предвремена ејакулација е всушност ејакулација со минимална сексуална стимулација што се јавува пред, за време или веднаш по пенетрацијата, без да биде тоа желбата и/или намерата. Се смета дека „нормалната“ должина на сексуалниот однос е од 2 до 7 минути.

Иако ова изгледа како безопасен проблем, причината скоро секогаш лежи во психата на мажот, па затоа е најдобро да побарате помош од психолог или психијатар. Третманот обично се состои од советување и примена на специјални техники за време на сексуален однос.

Мажите кои ејакулираат предвреме за време на сексот, треба да ја подобрат работата на нервниот систем со цел да ја зголемат сексуалната издржливост.

Клучно е да гo зајакнете мускулот Pubococcygeus бидејќи тоа ќе овозможи самиот сексуален чин да трае подолго, што ќе ја направи вашата партнерка позадоволна.

Еден од најдобрите начини да ја зголемите вашата сексуална издржливост во кревет е методот „тргни-застани“. Овие вежби можете да ги изведувате за време на секс или додека мастурбирате. Ако водите љубов, правете паузи, сменете ја позата или задоволете ја вашата партнерка на друг начин. Кога сте сигурни дека сте ја поминале желбата за ејакулација, можете да продолжите со сексуалната стимулација. Оваа вежба можете да ја повторувате колку што сакате.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести