Чилеанските здравствени власти најавија повторно затворање на главниот град Сантијаго поради зголемувањето на бројот на случаи на инфекција со коронавирус.
Властите се одлучија на овој потег и покрај фактот дека скоро 60 проценти од населението ги прими двете дози на вакцината.
Повеќето од новозаразените не се вакцинирани, а единиците за интензивна нега во главниот град се полни 98%, пренесува ВВС.
Хозе Луис Еспиноза, претседател на Чилеанската национална федерација на здруженија на негуватели, предупреди дека нивните членови се „пред колапс“.
Критичарите ја обвинуваат владата дека предвреме ги намалила ограничувачките мерки, водени од успехот во вакцинацијата.
