Жителите на североистокот на САД и делови од Европа и Азија утрово имаа можност да уживаат во погледот на небото, на кое се појави „огнениот прстен“ од затемнувањето на Сонцето.
Небесното светлосно шоу – затемнувањето на Сонцето, започна во канадската провинција Онтарио, се пресели во Гренланд, потоа на Северниот пол и потоа во Сибир.

Овој астролошки феномен се јавува кога младата месечина е на најоддалечената точка од Земјата и го блокира сонцето – целосно или делумно.
Во некои делови на светот се виде целиот „огнен прстен“, додека во Северна Америка видоа само делумно затемнување. Патем, затемнувањето на Сонцето е вистинското од ваков вид во САД, по целосното затемнување на Сонцето во 2017 година.
Погледнете како изгледаше затемнувањето на Сонцето во светот:




