14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АЛБАНИЈА – За судбината на Илир Мета ќе одлучи уставниот суд

Албанскиот парламент денеска со големо мнозинство изгласа недоверба на претседателот на државата, Илир Мета.

Парламентот ја поддржа иницијативата за недоверба поднесена поради прекршувањата на Уставот пред изборите во април.

104 членови на парламентот гласаа за негова смена, седум беа против, додека само двајца беа воздржани, пренесуваат албанските медиуми.

Судбината на албанскиот претседател сега е во рацете на Уставниот суд, институцијата што ја носи конечната одлука.

Мета е единствениот претседател во историјата на Албанија за кого парламентот изгласал недоверба.

Претседателот на Анкетната комисија против Мета, Алкет Хисени, пред седницата изјави дека има докази врз основа на кои претседателот може да биде сменет.

– Истрагата во врска со кршењето на изборниот процес е објавена на официјалната веб-страница на парламентот – рече Хисени и додаде дека претседателот може да биде сменет поради тешко кривично дело.

Тој изјави дека Мета треба да биде отстранет за нарушување на јавниот ред и мир и за поттикнување на насилство и омраза.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести