Човекот кој му удри шамар на Емануел Макрон немал криминално досие и води клуб за љубители на средновековно мечување.
Извор од полицијата го идентификувал осомничениот како Дамиен Тарел (28), објави Ројтерс.
Тој е под истрага за напад на јавен службеник, изјави локален обвинител.
Тарел извикал „Долу макронија“ како борбен крик на француската армија во време кога земјата беше монархија. Извор близок до истрагата го опиша како некој што е „малку изгубен, малку неприлагоден, човек кој сакал да си игра“.
Тарел и уште еден човек се уште се во полициски притвор, додаде изворот.
Обвинението за напад на јавен службеник предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра.
