spot_img
21.8 C
Skopje
среда, јуни 9, 2021
spot_img

Средба Бочварски-Закоњшек: Заеднички работиме на унапредување на транспортниот систем во Република Северна Македонија

Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оддржа работна средба со директорот на постојаниот Секретеријат на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

На средбата се разговараше за инвестициите во делот на патната и железничката инфраструктура финансирани од средства на ЕУ, како и од други меѓународни финансиски институции. 

Акцент на средбата беше ставен и на подигнување на безбедноста на патиштата. Министерот Бочварски ги презентираше проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски за зголемување на безбедноста, посебно на патниот Коридор 10. 

Се отвори и прашањето за значењето и модернзација на патните и железничките гранични премини со земјите членки на ЕУ, во насока на забрзување на протокот на патници, стоки и услуги. 

Од страна на директорот на Секретаријатот, Матеј Закоњшек, ушатена покана до министерот Бочварски за учество на Министерскиот состанок закажан за следниот месец во Брдо кај Крањ, Република Словенија.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести