12.8 C
Skopje
вторник, март 12, 2024

НА ТАЊА САВИЌ И ПУКНА ФИЛМОТ И РАСПАЛИ ЈАВНО ПО ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ: И понатаму сум под тортура на патолошки лажго.. (фото)

Фолк-пејачката Тања Савиќ тврди дека пред една година поднела барање за развод од Душан Јованчевиќ, кој, како што вели, не може да прифати дека го оставила иповреден е поради тоа, па, според неа, ја менува приказната.

По неговата изјава дека неодамна поднел барање за развод, Тања тврди дека тоа го сторила минатата година. Пејачката вели дека Јованчевиќ се меша во нејзините разговори со децата и ѝ кажува дека тој ја оставил неа, а не обратно.

-О Боже, каков маченик! Тој не го стори тоа прв, јас го сторив тоа. Сега ја смени приказната, почна да се меша во моите разговори со децата велејќи ми: ‘Јас те оставив, а не ти мене!’. Претпоставувам дека е повреден толку многу што не може да го прифати фактот дека е оставен, претпоставувам дека не може да издржи, па ме води кон својата воденица. Тој не поднел ништо, јас прва поднесов барање за развод“, вели Тања.

Јас поднесов барање за развод минатата година, но не беше можно да се разведеме пред април годинава. Не можеше да се реализира разводот се’ додека помине една година, затоа што се остава простор сопружниците да се смират. Денес повторно следуваше казна – не можев да се слушнам со децата. Само игнор, драги мои, ќе дојдат и моите пет минути. Одбројувањето почна“, меѓу другото, пејачката напиша на својот инстаграм-профил.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести