Иако славните ни изгледаат непогрешливи, мора да се потсетиме дека тие сепак се луѓе од крв и месо, со своите доблести и маани. И како што обично се случува, некои познати личности го кршат законот, поради што мора да бидат приведени, а нивните слики од полициската станица секогаш привлекуваат големо внимание.
Една од фотографиите што го обиколи светот со брзина на светлината беше онаа на актерката и пејачка Линдзи Лохан.
Лохан го сними својот прв филм на 11-годишна возраст, за подоцна да игра големи улоги во тинејџерски комедии, како што е хит филмот „Mean Girls“. Сепак, како одминуваше времето, Лохан стана се повеќе препознатлива по злоупотребата на алкохол и дрога. Неколку пати беше уапсена за возење во пијана состојба.
Исто така, детската везда Аманда Бајнс повеќе ги исполнуваше насловните страни со нејзините различни скандали, отколку со улоги во нови филмови.
Таа еднаш удри во полициски автомобил во Западен Холивуд предизвикувајќи мала штета и беше уапсена за возење во пијана состојба. Бајнс подоцна напиша на Twitter и му се обрати на тогашниот претседател Барак Обама. “Не пијам. Те молам отпушти го полицаецот што ме уапси. Јас исто така не удирам и не бегам”, напиша тогаш Бајнс.
Мел Гибсон беше уапсен во 2006 година за насилно однесување. Тој ја опиша целата ситуација како „циркус“ и не го коментираше обвинението против него.
Поп-пејачот Џастин Бибер беше уапсен од полицијата во Мајами Бич и беше обвинет за возење во пијана состојба, пружање отпор при апсење и возење без дозвола. Според полицијата, тогашниот 19-годишен изведувач бил зад воланот на жолтото Ламборџини кога бил запрен.
Актерката Хедер Локлир беше уапсена во 2018 година откако удри полицаец во пијана состојба.
Сега озлогласената sвезда Чарли Шин се фотографираше во полициската станица во Аспен, Колорадо, откако беше уапсен под обвинение за повеќе кривични дела, од кои едното е семејно насилство.
Поранешната sвезда на ТВ-емисијата „Два и пол мажи“ има историја на кривични дела поради кои бил уапсен, вклучувајќи семејно насилство и разни видови напади.