spot_img
22.8 C
Skopje
вторник, јуни 8, 2021
spot_img

ДАЛИ АМЕРИКА ГО ЗАТВОРА ГУАНТАНАМО?

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден активно размислува за повторно воведување на позицијата пратеник на Стејт департментот за затворање на затворот во поморската база во заливот Гвантанамо на Куба, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Затворот, кој беше формиран за странци по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, стана симбол на американската „војна против тероризмот“ поради грубите методи на испрашување, кои критичарите ги нарекуваат тортура.

Поранешниот демократски претседател Барак Обама се обиде да го затвори, но неговиот наследник, поранешниот претседател на Републиканската партија Доналд Трамп беше против.

Актуелниот претседател на Соединетите држави го поддржува затворањето на овој центар за притвор, пренесува Ројтерс.

Порано во овој американски воен затвор се наоѓаа до 800 затвореници, а сега останаа околу 40. Деветмина добија препорака да бидат префрлени во други земји.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести