10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ТАЈЗИ ВО “ЛАЗАРОВ ШОУ” ЗА ПРВ ПАТ ОТКРИВА ШТО СЕ СЛУЧИЛО СО СКИПИ (видео)


Артистот Драган Величковски – Тајзи кој сигурно ги помести границите на македонската музика, скромен и воздржан во сите изјави, е гостин во новата емисија на “Лазаров Шоу”.

Ова интервју со сигурност е едно од подобрите, Тајзи за прв пат ексклузивно откри многу работи кои досега не сте ги знаеле, а откри и што ново подготвува за публиката.

Тајзи започна како млад рапер од Куманово, а подоцна со Скипи станаа дуо кое донесе нов звук во Македонија и за кратко време ја освоија публиката. Тајзи продолжи сам и ја проби онаа бариера за македонските музичари па дефинитивно е еден од оние кои успееа да ја освојат и публиката на балканот. Сега за прв пат ексклузивно открива што се случило со Скипи и какви се нивните односи денес.

Стефан Лазаров и ние од медиа.мк продолжуваме секоја недела со ексклузивни гости во “Лазаров Шоу” , многу смеа, забава и работи кои не сте ги знаеле за омилените ликови од јавниот живот, затоа не пропуштајте да погледнете секоја недела во 20:00 часот на јутјуб каналот на Лазаров.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести