8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

ГОЦА ТРЖАН НЕ МОЖЕ ДА ГО ПРЕЖАЛИ ТОШЕ ПРОЕСКИ – Низ солзи емотивно раскажа за денот кога се случи трагедијата..

Пејачката Гоца Тржан проговори за смртта на македонскиот пејач Тоше Проески, со кого таа сними дует.

Таа се присети на моментот кога дознала за сообраќајната несреќа во која Тоше трагично го загуби животот.

„Јас бев свежо породена. Лена имаше две-три месеци. Ми се јави пријателка од Загреб и плачеше. Таа ме праша: ‘Дали е вистина дека Тоше загинал?’ Јас велам: ‘Не лупај, како умрел?’ Таа вели: „Вистина е“, видов видео како го извлекуваат во близина на Градишка од под камион“.

„За жал, не можев да одам на погреб поради мало бебе, тоа беше голем стрес за мене“, рече Гоца.

„Никогаш нема да заборавам дека отидов во македонската амбасада за да се запишам во книгата на жалости. По неколку години настапив  во Прилеп и отидов во неговиот роден град. Потоа отидов во Музејот и кај неговиот гроб. Некако се збогувавме  ние  двајцата. Имав голема привилегија да ја пеам „1200 милји“. Затоа мислам дека луѓето што се толку сакани и талентирани, никогаш не умираат “, рече Гоца Тржан.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести