Вооружени напаѓачи убија 100 цивили во напад врз село на северот од Буркина Фасо, објави владата на таа африканска земја.
Напаѓачите го извршија нападот синоќа и ги убија жителите на селото Солхан и ги запалија нивните домови, се додава во соопштението, објави Ројтерс.
Владата ги означи напаѓачите како терористи. Други детали сè уште не се дадени.
Претходно денес беше објавено дека армијата спроведува операција за расчистување на терен за да ги пронајде напаѓачите, изјави безбедносен извор.
Напаѓачите со себе однеле разни работи што им припаѓаат на локалното население, како што се мотоцикли и говеда.
На воените сили во Буркина Фасо им помага групата „Волонтери за одбрана на татковината“. Тие беа формирани во декември 2019 година и заедно со вооружените сили работат во набљудувачки, информативни и мисии за заштита по 14 дена обука. Тие, исто така, честопати се борат заедно со војската.
Нападот врз Тадарјат се случи две недели по уште два напади во истата зона кога беа убиени четири лица.
Од 5 мај и продолжувањето на екстремистичките напади, вооружените сили на Буркина Фасо започнаа голема операција во северната област и во Сахел. Иако се организирани бројни активности, тие не успеваат да ја запрат спиралата на насилство. Pовеќе од 1.300 луѓе загинаа во насилството од 2015 година, а повеќе од милион се раселени бегајќи од зоните каде што владее.
