8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Рајски куќи сред џунгла во Костарика

Ако замислувате идеален одмор далеку од вообичаените туристички дестинации, овие уникатни вили ќе ви дадат можност да ги запознаете скриените делови на Костарика одблизу, чекор подалеку од џунглата и опкружени со луксуз.

Студиото „Archwerk“, предводено од архитектите Мартин Клод и Хана Прочазова, создаде „Coco“ – комплекс од мали куполни вили, сместен во бујната вегетација на Костарика.

Невообичаената форма на куќите потекнува од природата, со цел да се вклопи во нивната околина што е можно похармонично. Инспирирани од овалната форма на семето, вилите бришат јасни граници помеѓу екстериерот и ентериерот за да им овозможат на посетителите уникатно искуство.

Комплексот вклучува пет помали индивидуални структури поврзани со пространи платформи, како и голема тераса „Wing“, разноврсен простор што служи за различни намени.

Објектите се дел од одморалиштето „Art Villas“ – уникатно одморалиште каде дизајнот и архитектурата се мешаат хармонично со природната средина, џунглата и рајските плажи.

Колибите „Coco“ се поврзани со патеки и платформи кои „лебдат“ високо над земјата, и им овозможуваат на гостите и сите колиби да пристапат до централниот објект на „Coco“ што служи како заедничка дневна соба, кујна и трпезарија.

Внатрешноста на куќата беше украсена од чешката архитектонска фирма „Formafatal“. Воздушниот и светлиот ентериер е поделен само со потребните прегради со цел да се одделат различните зони на куќата – спалната соба, бањата и гардеробата.

Креветот е опкружен со заштитна мрежа која штити од инсекти и истовремено го формира јадрото на куќата „Coco“, која го следи обликот на надворешните sидови.

Посебниот шарм на вилите го обезбедуваат импресивните табли на креветот, изработени од плетен и канап, со различна комбинација на бои во секоја куќа.

Една од карактеристиките на ова необично одморалиште е тоа што секое негово крило е дизајнирано и опремено од различна архитектонска фирма.

Така, покрај куќите „Coco“ и терасата „Wing“, во рамките на одморалиштето има и вили „Atelier“ и „Art“ вили со бесконечен базен, што се карактеризира со различен дизајн, но иста отвореност и поврзаност со природната средина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести