Најголемата правна битка што некогаш е видена се води во светот на уметноста. Од едната страна е рускиот олигарх Димитриј Риболовљев, кој тврди дека бил измамен за неверојатни милијарди долари при купување на 38 ремек-дела, а од другата страна швајцарскиот дилер на уметности Ив Бувие, кој вели дека тоа било само бизнис.
Сега, по шест години судски процеси во различни земји, се појави уште еден пресврт кога на целата приказна ѝ е дадено име достојно за филмско сценарио – Аферата Бувие.
Риболовљев, руски олигарх, поранешен мнозински сопственик на производител на ѓубрива „Uralcali“ и сегашен мнозински сопственик и претседател на фудбалскиот клуб Монако, го гони Швајцарецот, специјалист за складирање уметнички дела, транспорт, анализа и зачувување на нив, во разни судови со години. Русинот тврди дека Бувие го измамил за вкупно една милијарда долари, продавајќи му скапи уметнички дела по надуени цени, пред 10 години.
This thread is about the current head of the Grimaldi family, Albert II, Sovereign Prince of Monaco, of whom Prince Andrew complained, he is able to go out and "does whatever he wants, and nobody cares". #OpDeathEaters https://t.co/BxujhoODNZ pic.twitter.com/3xrw8gEml4
— Anonymous (@OpDeathEaters) August 4, 2020
Сепак, Бувие сега за CNN изјави дека подготвува противтужба од милијарда долари против Риболовљев, откако во февруари започна правна постапка во Сингапур, со образложение дека долгата судска битка со рускиот тајкун му ги уништи деловната активност и угледот. Ангажирана е армија на адвокати и менаџери за односи со јавноста, од двете страни.
Salvator Mundi
Драмата ја вклучува и најскапата и најенигматична слика во светот, Салватор Мунди, за која некои сметаат дека е дело на Леонардо да Винчи, додека други ја оспоруваат нејзината автентичност. Русинот ја продаде сликата „Salvator Mundi“ (Спасител на светот) во 2017 година за рекордни 450 милиони долари, на аукција во познатата аукциска куќа „Christie’s“ во Њујорк.
The world's most expensive painting stirs up scandalhttps://t.co/PtBxHFuI8Y
— adam zaccaria Jr (@AdamZaccaria) June 1, 2021
Купувачот остана анонимен, но се верува дека станува збор за контроверзниот саудиски принц Мухамед бин Салман.
Токму тука приказната станува интригирачка. Самиот Риболовљев претходно го купи спорното ремек-дело од Бувие, кој заработи повеќе од 50 проценти од цената за која ја купи сликата.
Имено, „Salvator Mundi“, слика нарачана од францускиот крал Луј XII на почетокот на 16 век, а подоцна сопственост на англискиот крал Чарлс Први, повторно се појави во 1958 година. Тогаш се веруваше дека сликата е или копија или дело од студиото на Леонардо, а не негова лична работа, така што беше продадена на аукција за скромни 45 фунти.
Половина век подоцна, во 2005 година, беше купена на аукција од конзорциум на дилери на шпекулативни уметности за помалку од 10 000 американски долари, во многу лоша состојба. Осум години подоцна, откако сликата беше обновена и прогласена за оригинално дело на познатиот ренесансен мајстор, Бувие ја купи за 80 милиони долари – со помош на покер играч го ангажираше да ја спушти нејзината цена.
Швајцарскиот трговец наскоро го продал за 127,5 милиони долари на неговиот тогашен клиент Риболовљев – според сметката наведена во судската евиденција, преку оф-шор компанија, каде зел провизија од 1 процент. Иако рускиот олигарх подоцна, во 2017 година, ја продал сликата на аукција за 450 милиони долари, тој сепак тврди дека Бувие го измамил, што Швајцарецот, се разбира, го негира.
- Засега, најважно е она што Бувие не го оспорува: како уметнички советник, тој се преправаше дека им помага на своите клиенти да ја купат уметничката колекција по цена од 2 милијарди долари, додека половина од таа цена тајно ја зеде за себе, изјави за CNN портпарол на семејството Риболовљев.
Сепак, Бувие спори дека тој некогаш бил „уметнички советник“, што е тврдење на кое Русинот ја темели својата тужба.
- Јас сум дилер на уметности, изјави тој за CNN.
Оваа правна сага опфаќа многу од проблемите што регулаторите ги поврзуваат со растечкиот глобален пазар на уметност – уметничките дела станаа друг вид стока за трансфери, а да не спомнуваме за перење пари со многу мала одговорност.
Дополнителна мистерија е дека „Salvator Mundi“ не е виден уште од рекордната продажба во 2017 година. Сепак, во април беше објавен француски документарец, тврдејќи дека сликата е во центарот на дипломатскиот спор меѓу Париз и Ријад, поради сомневања во нејзината автентичноста и саудиското барање да се изложи во Лувр.

Француската влада на крајот одлучи да не ја изложува сликата под саудиски услови. Во меѓувреме, историчарите на уметноста и експертите продолжуваат да дебатираат дали Леонардо ја насликал сликата на „Salvator Mundi“ во целост или само допринел за сликата, што најмногу го правеле ученици во неговата работилница. Во зависност од заклучокот, проценетата вредност на сликата може да варира за стотици милиони долари.
Покрај тоа, се чини дека и оние кои профитираа од продажбата на сликата, имаа сомнежи во нејзината автентичност. Според е-поштата помеѓу Бувие и претставниците на Риболовљев, Швајцарецот го советувал својот клиент во 2013 година дека сликата е убава, но не и добра инвестиција. Имено, ниту Ватикан, ниту кој било поголем светски музеј не изразија интерес да ја купат, поради сомнежи во нејзиното авторство.
Рускиот олигарх, кој меѓу другото привлече внимание со купување мултимилионски имот од Доналд Трамп (пред да стане претседател на Соединетите држави), самиот е обвинет пред суд за скандал за мито на службените лица на Монако во врска со тужбата против Бувие, наречена „MonacoGate“.
Бувие се бранеше во судски спорови во Монако, Сингапур и Хонг Конг во последните шест години. Во Њујорк сè уште трае судска постапка во вредност од 380 милиони долари од Риболовљев против компанијата за уметност трговија „Sotheby‘s“, за наводно помагање на Бувие да ги надува цените.
“Порано бев претприемач со многу работни места и семеен бизнис што се градеше 50 години. Од кога започна сè, го поминував целото време во одбрана на судот и ја бранев мојата репутација, се жали Бувие, кој признава дека заработил 40 милиони долари кога ја препродавал сликата на „Salvator Mundi“.
- Тоа е многу добра зделка. Нема да се жалам. (Но) мора да разберете како беше. Аукциските куќи ме ставија на црната листа, банките не сакаа да ми дадат заем, морав да започнам со продажба на имот за зачувуваање на персоналот и бизнисот, рече тој.
Дали „Salvator Mundi“ е на јахтата на принцот Бин Салман?
Во меѓувреме, светот на уметноста продолжува да се прашува: каде отиде „Salvator Mundi“?
Според извештаите на медиумите од 2019 година, тој завршил на јахтата на принцот бин Салман вреден скоро половина милијарда. Сепак, Бувие се сомнева во тоа.
- Да се стави ваква слика на јахта, со морски воздух и испарување, би било крајно глупаво. Не можам да верувам дека купувач би ја ставил оваа слика на таков простор.
Тоа е на дрвена табла што може да се искриви за кратко време, вели Бувие, повикувајќи се на плоча таод орев на која е насликано уметничкото дело.
Некои експерти сметаат дека тоа би можела да биде во палатата во Саудиска Арабија, каде што ќе биде откриена– можеби пред крајот на оваа година – како дел од напорите на кралството да се претстави како центар за уметност и култура.

