10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Заев и Бочварски од патниот крак Кавадарци – Дреново: Од инфраструктурно заостаната земја, Северна Македонија се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура за граѓаните

„Реконструкцијата на патниот крак Кавадарци-Дреново ја реализираме на барање на граѓаните од овој регион, кои ќе добијат современа делница и безбедно приклучување кон експресниот пат во изградба од Градско кон Прилеп. Од Северна Македонија, која беше инфраструктурно заостаната земја, во интерес на граѓаните ги реализираме нашите програмски одредници „Сообраќајна мрежа без црни точки”, и патно поврзување меѓу најголемите центри за кое нема да бидат потребни повеќе од 90 минути низ безбедни патни правци“, истакна премиерот Заев на денешниот увид на реконструкција на патниот правец Кавадарци-Дреново каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди.

Премиерот Заев истакна дека за патната инфраструктура е планирана значителна сума средства и дека од оваа година има нов систем за надгледување на спроведувањето на капиталните инвестиции.

„На развојот на патната инфраструктура се работи низ цела Северна Македонија, за што планираме во наредните години да инвестираме значителна сума на средства, кои се проценети на преку 1 милијарда евра, a само во оваа година планираме за изградба и рехабилитација на патишта да намениме околу 200 милиони евра. Важно е да се напомене дека за реализацијата на капиталните проекти, од оваа година има нова димензија, односно активиран е систем кој го надгледува спроведувањето на капиталните инвестиции и веднаш алармира таму каде што ќе се појави застој“, објасни премиерот Заев.

Министерот Бочварски истакна дека по завршување на оваа патна делница од Дреново до Кавадарци, се продолжува со рехабилитација на регионалниот пат Неготино-Глишич. Исто така во оваа градежна сезона ќе се реконструираат 5 улици во Кавадарци и 3 улици во Неготино.

„Оваа Влада ги решава проблемите и ја модернизира патната инфраструктура во државата.  Во однос на  експресниот пат од Градско до Дреново во фаза на преземање е договорот за работа и многу брзо Штрабаг започнува со работа на трасата. За делницата од Дреново до Фариш избран е изведувач и веќе од 9 јуни компанијата започнува со работа. Исто така избран е изведувач и за рехабилитација на Плетвар и со избор на надзорот и таму започнуваме  со работа. Така да имаме силна градежна сезона во овој регион“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Директорот на „Македонија пат“ Беким Мемеди рече дека патниот правец Кавадарци-Дреново е исклучително важен за тиквешкиот регион, во вредност од 90 милиони денари и се реализира во две фази, прва фаза опфаќа гребење и реконструкција во должина од 5,1км и втора фаза во должина од 3,9км и ширина 7м, и додаде дека моментално се работи на преку десетина патни правци низ државата.
 


Заев на увид на патниот правец Кавадарци – Дреново: Вмрежувањето на локалните и регионалните патишта со главните коридори за поврзување со соседните земји е наша обврска кон граѓаните и врвен приоритет на Владата

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Македонија пат Беким Мемеди и пратениците од тиквешкиот регион Даниела Колева, Лолита Христова и Панчо Минов, направија увид на реконструкција на патниот правец Кавадарци – Дреново. 

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Заев:
 
„Денеска заедно со министерот за транспорт и врски сме тука, во Дреново во близина на Кавадарци за да го проследиме напредокот на работите на реконструкцијата на патниот крак Кавадарци-Дреново која ја реализираме на барање на граѓаните од овој регион со кој тие ќе добијат современа делница и безбедно приклучување кон експресниот пат во изградба од Градско кон Прилеп.
Станува збор за исклучително важна патна артерија за овој регион за граѓаните и за компаниите со која се овозможува лесен и побрз транспорт на луѓе и на производи.

Можностите за лесно конектирање, за поврзување, за патни инфраструктурни врски меѓу градовите, селата и населените места на цела територија на Република Северна Македонија е од посебен интерес на локалните жители.

Од друга страна, вмрежувањето на локалните и регионалните патишта со главните коридори за поврзување со соседните земји, а со тоа и со земјите од Европа е наша обврска кон граѓаните и стратешки и врвен приоритет на Владата.
Со сите овие градежни активности кои не беа запрени и за време на пандемијата.

Од Северна Македонија, која беше инфраструктурно заостаната земја, во интерес на граѓаните, нашата амбиција останува и понатаму да ги реализираме нашите програмски одредници „Сообраќајна мрежа без црни точки”, и патно поврзување меѓу најголемите центри за кое нема да бидат потребни повеќе од 90 минути низ безбедни патни правци.

На развојот на патната инфраструктура се работи низ цела Северна Македонија, за што планираме во наредните години да инвестираме значителна сума на средства, кои се проценети на преку 1 милијарда евра, a само во оваа година за изградба и рехабилитација на патишта се предвидени околу 200 милиони евра.

Важно е да се напомене дека за ефикасна реализација на капиталните проекти, од оваа година активиран е систем кој го надгледува спроведувањето на капиталните инвестиции и веднаш алармира таму каде што ќе се појави застој.
Во овој наш тиквешки регион продолжуваме со изградба на патот Глишиќ – Неготино, исто така Неготино – Дуброво – Војшанци, потоа следуваат прва фаза на улиците Илинденска и браќа Џунови и втора фаза улица Дисанска и Блажо Алексов.

Преку ТАВ програмата се локални патишта Дреново и водоводна мрежа во населба Брушани, исто така улици во село Тимјаник, Неготино и потисен цевковод и резервоар во село Тремник. Секако продолжуваме и по другите програми како што  се улиците Антигона до Едвард Кардељ и улицата ЈНА во Неготино. 

Во иднина се планира изградба на делницата Мрежичко – Мајден како дел од патот кон новиот граничен премин Мајден – Промахио.

Северна Македонија се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура, за граѓаните да патуваат полесно и побезбедно до саканите дестинации.

Благодарам.“

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести