spot_img
27.8 C
Skopje
недела, јуни 6, 2021
spot_img

Петиција на Македонската заедница во Малта

Соопштение на Македонската заедница во Малта:

Ви се обраќам од името на Македонската заедница во Малта како нејзин основач.

Имено, започнавме онлајн петиција за ставање на Македонија на Амбер листата на Малта со што конечно ќе може да се патува слободно помеѓу нашите држави.

Причините зошто ја покренавме оваа петиција се повеќе.

Македонската и српската заедница во Малта бројат повеќе од 15.000 луѓе кои активно живеат и работат на Малта изминативе години. За жал, поради светската пандемија со Ковид19 и рестрикциите кои се донесоа на глобално ниво со цел спречување ширење на вирусот нашите две држави останаа без директна авио конекција.

Ова направи поголем број од нас, кои живееме и работиме на Малта, повеќе од година дена да неможе да се вратиме дома , но и нашите семејства да не можат да дојдат да не посетат. Доколку немаат Малтешка лична карта, приморани се да седат 14 дена карантин или да бидат вратени.

Повеќе од година и половина, сме разделени од нашите фамилии , нашите најблиски и најсакани. Животот во странство носи свои бенефиции, но и потешкотии како оваа кога мора да си разделен од најблиските.

За жал, со носењето на Амбер листа, Малтешката Влада не ги стави нашите две држави на оваа листа од засега неразбирливи причини.

Во двете држави бројот на заразени и активни случаи со Ковид19 е толку мал што е речиси незначителен ( под 4 заразени на 100 000 граѓани ).

 Бројот на вакцинирани граѓани во двете држави е на доста високо задоволително ниво.

Битен е и фактот што ниту во Македонија , ниту во Србија не се детектирани новите соеви на вирус ( индиски , африкански … ) .

Дотолку повеќе е неразбирлива одлуката по кој критериум е правена оваа листа кога  одредени држави кои се на листата имаат дневно повеќе заразени од нашите држави.

Сакаме да веруваме дека е направен случаен пропуст од властите. Искрено за нас, неставањето на нашите држави на оваа листа ни делува како порака дека сме граѓани од втор ред и непожелни за Малта, иако живееме и работиме повеќе години тука.

За само 24 часа, од кога е покрената петецијата се имаат потпишано повеќе од 2500 луѓе што јасно укажува на фактот дека ние како лојални граѓани на Малта имаме потреба од слободно патување помеѓу нашите држави.

Со овој ПРВ чекор ќе се обидеме да издејствуваме промена во Амбер листата и нашите држави да бидат дел од истата. Доколку не успееме со ова веќе подготвуваме и следни чекори за кои благовремено ќе информираме.

Сагата на Македонците и Србите на Малта е голема и револтот кој го предизвукуваа оваа за нас не фер одлука е огромен.

Се надеваме на разбирање од страна на властите со што заеднички ќе го надминеме овој проблем.

Искрено очекуваме брза реакција од страна на Малтешката Влада и ставање на нашите две држави на Амбер листата , пред да одиме со следните чекори се до конечно исполнување на ова.

Заедно да ја градиме просперитетна и европска Малта која е нашиот втор дом со кој ние се гордееме.

Во прилог линкови од: 

Петицијата – https://www.change.org/p/macedoninas-and-serbians-who-work-and-live-in-malta-malta-to-put-macedonia-and-serbia-on-amber-list-%EF%B8%8F?recruiter=528823397&utm_source=share_petition&utm_medium=facebook&utm_campaign=share_petition&utm_term=psf_combo_share_initial&recruited_by_id=d4c48db0-0581-11e6-b386-e1b26f476f7c&utm_content=fht-29216258-en-us%3A2&fbclid=IwAR0UR999kW3vqqXly3lt5jFUSWtTtrpxFGvsTKtATWqKNGG2-43tYRwEi-Q

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести