spot_img
20.8 C
Skopje
недела, јуни 6, 2021
spot_img

Во Мексико ќе се одржат општи избори на 6 јуни, а изборната кампања беше обележана со брутално насилство во кое беа убиени 91 политичари

Во Мексико ќе се одржат општи избори на 6 јуни, а изборната кампања беше обележана со брутално насилство во кое беа убиени 91 политичари, вклучувајќи 36 кандидати на претстојните избори.

Според извештаите на медиумите, мафијашки кланови стојат зад убиствата.
Рене Товар, кандидат за градоначалник на општина Казонес во државата Веракруз од опозициската партија Граѓанско движење, беше застрелан во неговиот дом ноќта на 5 јуни. Тој е последната, 91-та жртва на предизборно насилство.

Политичката организација Граѓанско движење објави дека го осудуваат убиството.

  • Ние најостро го осудуваме кукавичкиот атентат врз Рене Товар, кандидатот за градоначалник на Касонес де Херера. Уште еднаш, бараме владата на Мексико и (федералното) Министерство за внатрешни работи да ја завршат својата работа: тие гарантираат живот и безбедност на Мексиканците кои се соочуваат со изборите – беше објавено на Twitter.

Кандидатката за градоначалник на Моролеон, Алма Бараган, исто така од редовите на Граѓанското движење, беше погодена пред неколку дена со повеќе куршуми и почина само неколку минути откако ги покани сите свои приврзаници на предизборен митинг.

  • Денес е посебен ден – возбудено рече пред камерата Алма Бараган (61). На тоа видео, како кандидат за градоначалник на Моролеон, град во центарот на Мексико, таа ги покани своите приврзаници на предизборен митинг. Тоа беше нејзиното последно обраќање.

Според податоците на консултантската компанија Етелект, во предизборната кампања во 2021 година во Мексико, биле убиени 91 политичар, од кои 36 се кандидати на претстојните избори.

Според статистичките податоци, во тек е една од најкрвавите изборни кампањи од 2000 година.

Во Мексико се одржуваат општи избори во недела на 6 јуни за 500 членови на долниот дом на Федералниот парламент, 15 гувернери и неколку стотици градоначалници.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести