14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Маж направи вистинска ДРАМА во авион(ВИДЕО)

Нервозен патник се обидел да влезе во пилотската кабина на авионот на американската компанија „Delta Airlines“ беше совладан од екипажот и патниците, па авионот беше пренасочен кон Албукерки, Ново Мексико.

Авионот, кој летал од Лос Анџелес до Нешвил, Тенеси, слетал во 14:20 часот по локално време во Албакирки, каде властите го извадиле патникот од авион и го одвеле во притвор, изјави портпаролот на аеродромот, пренесе Ројтерс.

https://twitter.com/TheInsiderPaper/status/1401023038389374977

Авиокомпанијата објави дека во Боингот 737-900 имало 162 патници и шест члена на екипажот.

Одделот на ФБИ во Албакирки на Twitter соопшти дека „немало закана за патниците во моментот на инцидентот“, но не биле дадени повеќе информации. Авиокомпанијата и претставниците на законот не соопштија дали патникот бил вооружен, или евентуално бил под дејство на алкохол или дрога, што би предизвикало такво однесување. За време на инцидентот никој не беше повреден, а авионот го продолжил патот кон Нешвил по слетувањето во Албакирки.

Филијала на „CBSnews“, „KCBS-TV“, покажа видео, снимено од патници, на кое се гледа како патникот лежи на стомак и вика „запрете го овој авион“, додека патниците и персоналот го држат.

Стјуардот и патниците му ги врзаа рацете со жолт кабел и го однесоа на задниот дел од авионот, каде што го помина остатокот од летот свртен кон седиштето.

  • Благодарност до екипажот и патниците на летот Delta 386, кои помогнаа да се заузда лудиот патник, се вели во изјавата на „Delta Airlines“, додавајќи дека авионот слетал без никакви проблеми

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести