spot_img
21 C
Skopje
сабота, јуни 5, 2021
spot_img

Поради прегревање на локомотивата, моторниот воз цела седмица не сообраќа на релација Скопје – Кичево

Поради прегревање на локомотивата, моторниот воз цела седмица не сообраќа на релација Скопје – Кичево. На жителите од овој регион еднинствен начин за превоз до главниот град им се автобусите.

Патници кои често патуваат на оваа релација потврдуваат дека топлото време и нагорнината на пругата Гостивар – Кичево се причина за прегревање на локомотивата од возот кој е во употреба повеќе од четири децении.

Пред две недели патници се пожалија дека возот тргнал од Гостивар кон Кичево, но кога стигнал на половина пат, локомотивата се прегреала и морал да се врати назад во Гостивар. Било доцна, па патниците можеле да се превезат до Кичево единствено со такси возила.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести