14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

42 прекршоци за брзо возење регистрирани со т.н. „ноќен радар“ во Тетово

На 03.06.2021 во периодот од 20.30 часот до 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спровеле контрола на брзината со која се движат возилата во населено место. Притоа, со користење на таканаречениот „ноќен радар“ биле откриени и законски санкционирани вкупно 42 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 10 за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и пет други видови прекршоци. Деновиве, исто така,  на поширокото тетовско подрачје продолжуваат и контролните активности со кои се опфатени прекршоците кои ги прават мотоциклистите, а во рамките на кои посебен фокус се управувањето без возачка дозвола, некористењето на заштитна опрема и технички неисправните и нерегистрирани мотоцикли.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести