7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Каналите во Амстердам ги освојуваат робо-чамци! (ФОТО)

Експертите од холандскиот град и од американскиот MIT направија автономни пловни објекти кои можат да се користат за превоз на патници, смет, градење привремени мостови.

Робо-чамците целосно ќе го променат изгледот на познатите канали во Амстердам, објавија експерти од Институтот во Амстердам и научници од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) во САД.

Овие целосно автономни пловни објекти, кои се развиваат како дел од проектот наречен „Roboat“, би извршувале разни задачи, вклучувајќи превоз на патници и транспорт на смет.

Робо-чамците пловат полека, со брзина до шест километри на час, користејќи пропелер и четири придвижувачи напојувани од електрична батерија со капацитет да ги управуваат, во зависност од задачата, од 12 до 24 часа. Тие се контролираат од далечина преку компјутер заснован на податоци од камери и сензори кои ги скенираат областите околу чамецот.

Чамците се модуларни и лесно може да се прилагодат за превоз на товар или луѓе. Тимот кој работи на проектот вели дека ќе бидат потребни уште две до четири години за да се усоврши технологијата за автономно управување со тие пловни објекти.

  • Новата технологија е многу релевантна во исклучително сложените пристанишни операции, каде има многу бродови и други пловни објекти, многу кеи и пристаништа. Навистина е можно да се подобри безбедноста таму со помош на автономни системи, но и да се направи работата поефикасна – рече Стефан ван Дијк, директор за иновации на Институтот во Амстердам.

На неодамнешните демонстрации, електричен робо-брод, долг четири метри, маневрираше покрај репликата на трговскиот брод од 18 век „Амстердам“, што беше симболичен приказ на поморското минато и иднината на тој град.

Следува дека роботот учи да маневрира низ целиот сообраќај во каналите во Амстердам, кои се полни со приватни чамци и чамци кои крстарат со туристи.

Проектот има и правен аспект и се работи на подготовка на промените потребни за да се овозможи автономна употреба на робо-бродови, без капетани и кормилари. Податоците собрани од камерите на тој брод нема да ги идентификуваат луѓето во близина, а во таа смисла, приватноста на граѓаните ќе биде загарантирана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести