23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Работна средба на министерот Спасовски со раководството на СВР Скопје и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев

“Една од стратешките цели, односно проекти што заедно со мисијата на ОБСЕ во Скопје, го работиме години наназад е концептот на “community policing“ односно работа на полицијата во заедницата, што е од исклучителна важност за полициското работење. Колку повеќе и колку посилно ќе биде тоа партнерство и поддршка помеѓу граѓаните и полицијата толку ќе биде и поголема безбедноста, но и довербата во институциите“.

Ова меѓу другото денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по работната средба со раководството на Полициската станица Карпош, при СВР Скопје, и со градоначалникот на оваа скопска општина Стефан Богоев и претставници на општината.

Како што нагласи министерот Спасовски – “токму општина Карпош на чело со градоначалникот Богоев покажаа во изминатиов период дека навистина имаме со што да се пофалиме во делото на взаемната соработка и секојдневна комуникација на релација полиција – локална власт.

“Согледување на сите потреби и барања на граѓаните, меѓу другото, резултира со намалување на криминалитетот по сите основи на подрачјето на ПС Карпош“, истакна министерот Спасовски посочувајќи дека низ општината дневно циркулираат голем број граѓани, па тие резултати се дополнителна мотивација во наредниот период  полицијата да продолжи со тоа темпо на работа.

Спасовски потенцираше дека денешната средба има и дополнително значење, а во контекст  на партнерството и соработка на полицијата и локалната заедница, заради тоа што општина Карпош, не првпат, донира, сега два мопеди за полициските службници при ПС Карпош за зголемување на мобилноста и нивната присутност на места и на терени каде што потешко се пристигнува со автомобили.

“Денеска разговаравме и за една новина, а тоа е во наредниот период да воведеме и велосипедски патроли на територијата на општината како што тоа го направивме во  општина Центар во Скопје,  во  Охрид, а од скоро и во Прилеп, патроли кои што се добро прифатени од граѓаните“, рече министерот Спасовски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести