10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Огромна дупка со дијаметар од 60 метри се отвори во полињата на земјоделците во централното Мексико (ВИДЕО)

Огромна дупка со дијаметар од 60 метри се отвори во полињата на земјоделците во централното Мексико, во Санта Марија Закатепек, а во близина има и куќа.

Гувернерот на државата Пуебла, Мигел Барбоса Хуерта, изјави дека семејството на блиската куќа е евакуирано, и дека локалното население е предупредено да се држат настрана од оваа област.

На почетокот, дупката беше со дијаметар од 5 метри, сепак, таа брзо се прошири за само неколку часа. Таа е исполнета со вода што постојано се движи.

  • Веруваме дека ова се два фактори, омекнување на почвата и придвижување на подземните води, рече Беатриз Манрике, секретар за животна средина..

Покрената е истрага, а анализата на земјиштето може да трае до 30 дена.

Таквите дупки се појавуваат од повеќе причини, како што е ерозијата на карпите под површината на земјата, додека таму минуваат подземни води, кои предизвикуваат празнина поради што се распаѓа почвата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести