spot_img
13.8 C
Skopje
четврток, јуни 3, 2021
spot_img

ГОРИ ИНСТАГРАМ: ВИКТОРИЈА ЛОБА ЈА ОТВОРИ СЕЗОНАТА ЗА БИКИНИ (фото)

Иако календарски се уште не е лето, летните сезони и одмори за некои веќе започнаа.

Така, некои од познатите изминатиот период го искорситија убавото и топло време и заминаа некаде на плажа.

Имено, неодамна Милена Антовска, Лила Филиповска, Антониа Гиговска…беа во Турција, но тие споија убаво и корисно. Па освен што ги промовираа турските хотели и македонската агенција преку која заминаа, тие уживаа и на плажа покрај морето.

Македонската пејачка со руско потекло, Викторија Лоба уживаше на домашен терен.

Имено, пејачката за почетокот на сезона ужива во прекрасниот Охрид, а на следбениците им покажа како ги полни батериите.

Таа на својот Инстаграм сподели неколку фотографиии на кои е во бикини на јахта, внесувајќи природен Витамин Д.

За оваа објава пејачката доби над 2000 лајкови, а нејзините „инстаграм пријатели“ ја опсипаа со позитивни коментари.

Инаку, Лоба неодамна во емисијата „Еден на еден“ изјави дека си ја сака Македонија, дека таа е нејзина земја, убаво се чувствува што живее тука и дека нема да се исели.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести