9.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

СЕ ПРОДАВА КУЌАТА НА ДАРТ ВЕЈДЕР

Куќата од соништата за љубителите на „Star Wars“ сега се нуди на продажба во Тексас, а оваа вест секако ги задоволи многумина. Сепак, не е многу лесно да се купи оваа луксузна вила, бидејќи не е баш ефтина и ретко кој може да си ја дозволи.

Имотот, познат како „куќата на Дарт Вејдер“, има 650 квадратни метри во областа West University Place во Хјустон, а неговата цена е 4.300.000 долари, објави CNN.

Она што е интересно е дека куќата го добила своето име поради сличноста на надворешноста со кацигата на познатиот негативец од „Star Wars“.

Изградена е во 1992 година и има четири спални соби, пет бањи и гаража за четири автомобили.

Внатре во оваа прекрасна зграда има соби опремени со најмодерен мебел, големи плакари, разноврсен простор за живеење и огромни прозорци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести