5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

БРУТАЛНО УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Професор по англиски претепан до смрт со палки

Хрватска но и целиот Балкан се во шок откако четворица млади луѓе на возраст од 20 до 29 години до смрт го претепале 35-годишниот Нино Ченгиќ, професор по англиски јазик од средното Економско училиште во Вараждин.

Како што пишува Jutarnji list, oд минута во минута кружат нови, неофицијални информации во градот за деталите за убиството. Професорот бил претепан до смрт од три млади момчиња и една девојка, кои безмилосно го удирале по главата и телото со дрвени палки и катанец со ланец.

-По шпекулациите дека крвничкото тепање кое доведе до смрт на младиот професор може да има врска со убиството што неговиот татко го извршил минатата година во Меѓумурје, кога тој убил 28-годишник со пиштол, други приказни почнаа да се шират низ градот, наведува Jutarnji list.

Една од нив е дека професорот ја поминал вечерта во клубот Културана, каде доста пијан ја провоцирал и бил непристоен спрема девојката А.В. (24) Таа и нејзината компанија го избркале од клубот, поради што тој повикал полиција, пишува порталот ХРТ.

Полицијата дошла, направиле записник и си заминалеа. Професорот останал во кафулето, по што околу 4 часот изутрината четворицата млади луѓе го нападнале. До смрт го удирале со палки, катанец со ланец. Потоа му го искршиле мобилниот телефон и го оставиле покриен во картони.

Целиот случај, наводно, е снимен на мобилен телефон, пишува Jutarnji list.

Културана е локал во салата Граберје во Вараждин, каде што младите се собираат за да слушаат панк-метал-рок.

Кривичната истрага е завршена и сите четворица се во притвор со кривична пријава за убиство.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести