Џенифер Лопез е фотографирана со уште еден поранешен, и тоа само еден ден откако папараците ја направија една во низата фотки со Бен Афлек.
Сега, Џенифер е снимена со поранешниот сопруг Марк Антони додека биле на ручек во Мајами, на кој биле потполно сами. Ресторанот се наоѓа на терасата од хотелот W South Beach.
Инаку, таа неодамна ја раскина веридбата со Алекс Родригез, а последните недели ги минува со Бен во Монтана и нејзината нова куќа во Мајами.

