spot_img
14.8 C
Skopje
понеделник, мај 31, 2021
spot_img

133 сообраќајни прекршоци во Скопје, 64 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 14 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 19 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.   

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести