5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Силна експлозија утрово се случи во Белград, има и петмина повредени (ФОТО)

Силна експлозија утрово се случи во Белград, јавија српските медиуми.  Наводно експлодирала плинска боца, а неколку лица се повредни.

Според српското МВР, пет лица се повредени, а екипите на брзата помош по брзата реакција ги пренеле повредените во болница. Според последните информации, едно лице било пренесено на одделот за интензивна нега.

Како што јавува репортерот на ТВ Прва од местото на настанот, експлозијата предизвикала голема материјална штета, а оштетени се и околните објекти.

Станарите велат дека чадот се почувствувал неколку ката погоре и ги напуштиле своите станови. Тие чекаат дозвола од властите кога ќе можат да се вратат во своите домови.

Според медиумите, еден од очевидците видел чад и оган, а кога истрчал да види што се случува, видел повредена жена која ја водела екипа на Брза помош, бидејќи таа не можела да оди. Тој исто така тврди дека видел како му е изгорена косата на едно момче.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести