spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, мај 29, 2021
spot_img

СТРАШНО: Лекарка вакцинирала неколку лица со ист шприц!

Во една фабрика на австрискиот концерн „Voestalpine“ во Миркушлаг, една лекарка го користел истиот шприц за неколку лица при давање на вакцината.

До 60 вработени се погодени од овој медицински неуспех и ќе мора да поминат тестови за ХИВ и хепатитис.

Компанијата изрази длабоко жалење за овој случај и најави дека ќе инсистира на целосно расчистување, а лекарката беше привремено суспендирана.

Лекарот на медицинскиот центар „Vamed“ требаше да ги вакцинира вработените против вирусот корона, но и се случи овој пропуст.

„Voestalpine“, во изјавата, посочува дека е несфатливо како може да има пропусти во центарот за вакцинација во однос на квалитетот и хигиената.

Портпаролот на „Vamed“, Лудвиг Билер изјави дека се утврдени пропусти при вакцинирање на неколку лица.

Детална проверка утврди дека лекарката која ја извршила вакцинација делумно неправилно го давала материјалот за вакцина, додаде тој.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести