spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, мај 29, 2021
spot_img

СЗО: Потрагата по потекло на вирусот е политички отруена

Водечкиот експерт на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, денеска повика на одвојување на „политиката“ од прашањето за потеклото на вирусот корона од научниот аспект на оваа тема.

Рајан ова го рече неколку дена откако американскиот претседател Џозеф Бајден им нареди на своите соработници да најдат одговор на прашањето за потеклото на вирусот, пренесува Ројтерс.

  • Многу би сакале сите да ја одделат, ако е можно, политиката од науката кога станува збор за ова прашање. Целиот овој процес е отруен од политиката, рече Рајан на прес-конференција.

Тој додаде дека ќе бидат потребни дополнителни студии за да се утврди потеклото на вирусот.

Од појавата на вирусот во централниот кинески град Вухан во декември 2019 година, научниците се обидуваа да ја решат мистеријата за потеклото на вирусот, пишува Ројтерс.

Тимот предводен од СЗО помина четири недели во и околу Вухан со кинески истражувачи и во извештајот во март изјави дека вирусот најверојатно се раширил од лилјаци на луѓе преку друго животно.

Потоа беше заклучено дека „пренесувањето преку лабораториски инцидент е исклучително неверојатен пат“.

Сепак, многу политичари и голем број научници не биле задоволни од тоа, според агенцијата.

Бајден во средата им нареди на асистенти да најдат одговори за потеклото на вирусот, потенцијално вклучително и можност за несреќа во кинеска лабораторија.

Соединетите држави во четвртокот го повикаа СЗО да спроведе втора истрага.

  • Секоја земја и секој субјект можат слободно да ги следат нивните теории за потекло, ова е слободен свет, рече Рајан.

Тој рече дека СЗО е организација која се труди да соработува со сите свои земји-членки со цел колективно да бара одговори.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести