spot_img
22.8 C
Skopje
сабота, мај 29, 2021
spot_img

Во Австралија луѓето бегаат од нов локдаун (Видео)

Седум милиони жители на австралиската држава Викторија влегуваат во нов, четврт локдаун од четврток вечер откако вирусот почна повторно да се шири.

Бројот на заразени преку ноќ двојно се зголеми. Главни виновници за ширење на заразата се сметаат спората вакцинација и ширењето на вирусот од хотелските карантини, пишува Ројтерс.

Премиерот на Викотрија Џејмс Марлино рече дека во Мелбурн од полноќ граѓаните ќе може да излезат од дома само за итни обврски, одење на лекар, купување и рекреација. И училиштата и верските објекти се затворени.

„Последните денови видовме докази дека се работи за многу заразен сој на корона вирус, варијанта која е загрижувачка и се шири побрзо отколку порано забележаните“, рече Мерлино.

Се работи за индискиот сој, а вирусот во Австралија е донесен од странство од повратник кој бил негативен, бил во карантин, но шест дена по враќањето во Мелбурн добил симптоми.

Ќе се ограничи и бројот на луѓе дозволен за собирање, а од вторникот задолжителни се и маските.

Многу жители нагрнаа во маркетите и ги испразнија полиците, а многумина со автомобили избегаа во Сиднеј.

Во споредба со податоците од светот, 26 нови случаи не се многу, но постојат неколку фактори кои ја натераа државата Викторија на ваков драстичен чекор.

Имено, на најмалку 150 локации луѓето можеле да дојдат во контакт со вирусот, а со следење на контактите се утврдило дека 10.000 се примарни и секундарни контакти.

Државните власти велат дека за новото заклучување делумно е виновна и спората вакцинација.

„Да вакциниравме повеќе луѓе, сега ќе имавме поинаква ситуација. За жал, немаме“, рече премиерот.

Ова е четврто заклучување на Мелбурн, од почетокот на епидемијата, а вториот најголем град во Австалија најлошо помина лани, додека вирусот го ставија под контрола дури по четири месеци строги ограничувања.

Стручњаците велат дека спориот процес на вакцинација, но и ширење на болеста од карантинот спроведен по хотели, од каде ширењето почнало 17 пати во шест месеци.

Со популација од 25 милиони луѓе, Австалија досега потрошила само 3,8 милиони дози вакцини. Досега од КОвид-19 починаа 910 луѓе, а заразени биле 30.000 најголем број токму во државата Викторија.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести