10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Заев: Зголемен е економскиот раст, има покачување на платите, расте индустриското производство, ќе има нови работни места со Оперативниот план за вработување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот соопшти дека економијата е во добра состојба и во услови на пандемијата и најави нови вработувања и зајакнување на стандардот на граѓаните.

„Индустриското производство има раст од 7.6 проценти. Индексот на прометот на индустријата во март има раст од 27.1 процент. Извозот е зголемен за 18.1 процент. Просечната плата е зголемена за 6.8 проценти. Завршивме со 28.217 денари, според последниот податок – просечна плата во државата. Правиме дополнителни напори да ги видиме сите резервоари создадени од порастот на придонесите во фондовите за пензиско и за здравство, за да имаме рефлексија кон пензионерите. Еве завршуваме мај месец, овие пет месеци имаме 200 милиони евра повеќе наплатено приходи само од Управа за приходи и Царина, во споредба со првите пет месеци од 2020 година. Посериозен податок дека економијата се враќа, дека растот е зголемен, нема“, рече премиерот Заев.

Тој додаде и дека „извозот од еколошко-индустриските развојни зони е 30 проценти поголем во споредба со првиот квартал од 2019 година“, како и дека „приходите се за 7 проценти поголеми овие пет месеци, во споредба со петте месеци од 2019 година, кога немаше Корона вирус“.

„Тоа само по себе потврдува дека сите инвестици се реализирани досега во државата, пред сè домашни и странски, сите економски политики, можеби биле забавени за време на Корона вирусот, но секако носат економски раст, носат работни места, носат поголеми плати, поголеми пензии, носат извоз надвор од државата, девизен прилив, сето тоа го јакне стандардот на нашиот народ“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев соопшти дека за Оперативниот план за вработување се обезбедени 1.516.010.152 денари, со којшто ќе бидат опфатени 10.279 лица. Како поддршка за самовработувањето (претприемништво), рече дека се предвидени 591.913.222 денари; како поддршка за креирање нови работни места 513.296.580 денари, од кои за субвенционирање на плати се обезбедени 189.824.080 денари и за вработување и раст на правни субјекти – буџет од 33.972.500 денари; буџетска поддршка за обуки за дигитални вештини; за практиканство, програма за работно ангажирање.

„Ова се конкретни мерки за конкретни резултати. Економските податоци навистина се добри и уверувачки и тоа го потенцирам и потврдувам за да охрабрам дополнително граѓаните да вложуваат, инвеститорите и бизнисмените, пред сè домашни, да продолжат да вложуваат, заради тоа што само на тој начин ќе расте бруто-домашниот продукт, економскиот стандард на народот, се отвараат нови работни места и ќе го зголемиме девизниот прилив на државата од зголемен извоз“, порача премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот.  

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести