1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Двојка од Индија изнајмила авион и се венчала на сред лет со повеќе од 160 гости, со цел да ги избегне правилата воведени поради вирусот корона

Двојка од Индија наводно изнајмила авион и се венчала на сред лет со повеќе од 160 гости, со цел да ги избегне правилата воведени поради вирусот корона.

Младенците Ракеш и Дакина се венчаа пред семејството и пријателите во авион во неделата, откако резервираа лет од градот Мадураи во Индија.

Повеќе од 160 луѓе биле во Boing 737 за да присуствуваат на церемонијата, пренесува „Daily Mail“.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат полн авион, на денот кога бројот на смртни случаи во Индија надмина 300.000.

Државата Тамил Наду, од каде полета авионот, во моментов е под клуч, а свадбите се ограничени на 50 лица.

Аеродромските службеници исто така не биле свесни за настанот што се одвивалал непосредно над храмот Мадураи Менакши Аман, каде парот имал намера да се венча.
Индиската авијација започна истрага, јавуваат локалните медиуми.

„Times of India“ објави дека персоналот во авионот бил отстранет од должноста за време на летот.

Портпарол на авиокомпанијата изјави дека патнички авион Boing 737 бил резервиран од Мадураи до Бангалор за патување по венчавката.

Тој додаде дека клиентот е запознат со COVID правилата што мора да се следат и негира дека е дозволена каква било активност на летот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести