spot_img
26.8 C
Skopje
четврток, мај 27, 2021
spot_img

Обвинение за кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 54-годишник, на 19 мај, на автобуската постојка кај Зелен пазар во Скопје, одзел паричник во кој имало пари, банкарски картички и други документи, со што на едно лице му нанел вкупна штета од околу 2.950 денари. По кражбата, обвинетиот бил фатен од полициски службеници, кои кај него го пронашле паричникот.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.​​

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести