spot_img
21.8 C
Skopje
среда, мај 26, 2021
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината претпладне сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести