spot_img
22.8 C
Skopje
вторник, мај 25, 2021
spot_img

Ова е најизопаченото семејство во светот

Во времето кога во ренесансната Италија цветале уметноста и културата и тоа благодарение на Леонардо да Винчи, Ботичели и Рафаел, семејството Борџија го подигнало стандардот на расипаност на земјината топка.

Имено ова семејство е обвинето за многу различни кривични дела: прељуба, кражба, силување, поткуп, инцест, убиство (особено убиства со труења и слично. А, поради нивниот стремеж за моќ, семејството Борџија стекнале моќни непријатели.

Борџија (Borgia)—европска папско семејство од италијанско и шпанско потекло. Името доаѓа од градот Борха, Сарагоса, кои бил феудален имот на семејството која била дел од арагонската аристократија. Семејството Борџија во текот на ренесансата стaнале моќнo и влијателно семејство. Тие биле покровители на уметноста, а нивната поддршка им овозможила на многу уметници на ренесансата да го остварат својот потенцијал. Најбрилијантните личности на оваа ера редовно го посетувале нивниот двор.

Во периодот помеѓу 1400 и 1500 година, семејството Борџија дала двајца папи: Каликст III (1455-1458 година) и Александар VI (1492-1503 година). Денес семејството најмногу се памети по корупцијата за време на Александар VI.

Родриго Борџија, подоцна познат како Папа Александар VI се смета за најконтроверзниот ренесансен папа.

Александар уживал широка јавна поддршка и бил исклучително способен, дипломатски и квалификуван, а згора на се бил и многу богат. Иако на почетокот, тој се трудел да ја задржи улогата одвоена од семејството, сепак поради неговиот избор големо богатство наследиле и неговите деца.

Додека многу други папи биле непотисти, Александар ги промовирал своите деца и имал голем број љубовници, нешто што дополнително поттикнало растечки и негативен углед.

Прва во низата љубовници била Ванока деи Катанеи со која имал четири деца – Цезар, Хуана, Лукреција и Хофреј, а добил уште 5 деца за кои ни ден денес не се знае кои се мајките. Тој сите деца ги обезбедил со титула и пари и со цело свое семејство се преселил во Ватикан.

Сепак и покрај тоа што бил на најугледната позиција во Римската Црква тој изгубил интерес за Ванока и се заинтересирал за Фаренза, сопруга на Орсин Орсинеј кој е член на моќно и угледно римско семејство.

Лукреција Борџија пак е вонбрачна ќерка на папата Александар VI. За нејзината убавина е пишувано многу низ историјата. Свесна за својата големина и духот на фамилијата Борџија, таа е дел од многу историски интриги и убиства. За својот животен век од 39 години зад себе има 3 брака, сите договорени од страна на нејзиното семејство, сè со цел за политичка надмоќ.

Таа важела и за милениче на Александар. Се омажила на 13 години за вдовецот Џовани Сфорци, но по нецели 4 години таа го напуштила бракот и избегала во Рим.

Сфорца тврдел дека Лукреција спие со нејзиниот татко но и дека имала односи со нејзиниот брат Цезар.
На нејзина 17 годишна возраст е откриено дека таа имала и љубовник по име Педро Калдерона кој подоцна бил ликвидиран. Се верува дека овој злочин го извршил нејзиниот брат Цезар како одраз на љубомора.

Семејството Борџија биле склони и кон оргии и делење на партнерите. Цезар и неговиот брат Хаун имале афера со жената на нивниот брат Хофри. А кога Хуан подоцна е ликвидиран на ист начин како Педро се јавува сомнеж дека и зад овој злочин стои Цезар.

За Цезар се вели дека бил исклучително себичен и жеден за крв. Неговата омилена забава била кога тој заедно со сестра му Лукреција поминувале време на балконот и ги гаѓале со стрела затворениците.
На свои 18 години тој станува кардинал, а по нецели 5 години си дава оставка и се приклучува на војската.

И покрај тоа што имал премногу љубовници, тој бил опседнат со својата сестра Лукреција кој за време на неговото заминува во војска се премажила. Бесен од љубомора тој му наредил на командантот на неговата гарда да го задави нејзиниот сопруг.

Според многу историски натписи, оваа семејство ги убивало своите противници со тоа што им ставале отров во храната, па така една од изреките која кружела во тоа време била “Не одете кај нив на вечера ако сакате да живеете”.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести