spot_img
22.8 C
Skopje
вторник, мај 25, 2021
spot_img

Дали пиењето кафе го продолжува животот ?

Консумирањето кафе има многу придобивки, покрај тоа што е добро за црниот дроб, новото истражување покажа дека може да го продолжи и животот.

Истражувачите од Корејскиот универзитет Чунг-Анг, во соработка со Центарот за контрола и превенција на болести, го спроведоа истражувањето, објавено во најновиот број на списанието „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“.

Тие особено ја разгледаа нивната популација, а целта на истражувањето беше подобро да се разбере врската помеѓу потрошувачката на кафе, неговите здравствени придобивки и влијанието врз смртноста.

Во студијата учествувале 110.920 лица постари од 40 години на кои не им е дијагностициран дијабетес, карцином или кардиоваскуларни заболувања. Истражувачите го следеле дневниот внес на кафе и смртноста на учесниците во просек за девет години.

Резултатите од студијата посочија дека ризикот од рана смрт паднал за 21 процент кај учесниците кои пиеле повеќе од три шолји кафе на ден, пишува Eat This Not That.

„Кафето е значително поврзано со намалување на инциденцата на кардиоваскуларни болести. „Една чаша на ден е поврзана со 42 проценти намалување на бројот на смртни случаи поврзани со срцеви заболувања“, заклучува студијата.

Истражувачите додадоа дека придобивките се исти кога станува збор за инстант кафе, дури и ако го пиете со млеко и шеќер.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести