spot_img
30.8 C
Skopje
понеделник, мај 24, 2021
spot_img

СУЗАНА ГАВАЗОВА ВЕЖБА ЗАДНИК ВО ТЕРЕТАНА – ГОРИ ИНСТАГРАМ (фото)

Припадничките од понежниот пол кои се дел од естрадата, се почесто промовираат здрав начин на живот, од балансирана исхрана, до редовно вежбање.

Македонската пејачка Сузана Гавазова е активна на социјалните мрежи каде што често објавува како подготвува разни здрави рецепти, па со тоа ги покажува своите вештини во кујна.

Освен што се храни здраво, Гавазова редовно ја одржува својата  линија со вежбање, па не е ни чудно што има има одлична фигура на која може да и позавидат многу млади девојки.

Овој пат, Сузе во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од теретана. Пејачката облечена во спортски хеланки за вежбање ги покажа своите затегнати атрибути.

Пејачката позираше со тегови во рацете, а во фокусот е нејзиниот затегнат задник во црно – бели хеланки.

Потоа, Гавазова објави уште една фотографија од сала за вежбање, а повторно во прв план е нејзината задница.

Најверојатно станува збор за постари фотки на пејачката, но како и да е, кога Сузе се поти, на посилниот пол им годи, а таа со својата витка линија може да им послужи како пример и инспирација на помладите девојки.

Нема сомнеж дека Гавазова редовно води грижа за својот изглед, но и ја одржува кондицијата на ниво.

Читај Следно

10,362FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести